недела, 27 октомври 2024

Закажана седница на Советот за безбедност на ОН за НАТО бомбардирањето на СР Југославија

Седницата на Советот за безбедност чие одржување го побара Русија по повод 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на СР Југославија е закажана за вечерва во 20 часот по средноевропско време.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако Русија уште на почетокот на март побара одржување седница на Советот за безбедност на ОН посветена на годишнината од НАТО агресијата на Сојузна Република Србија, а Јапонија како претседавач на Советот за безбедност ја поддржа иницијативата и ја закажа седницата, уште не е познато во кој формат ќе биде одржана, дали ќе биде отворена или затворена за јавноста.

Бројни западни земји ја критикуваа оваа иницијатива и порачаа дека е непотребно да се заминува во Њујорк бидејќи седница нема да се одржи.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, меѓутоа, вели дека непишано правило кое важи во последните години меѓу големите сили е дека кога тие иницираат одржување ваква седница, таа да се одржи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ