петок, 18 октомври 2024

Закани кон градоначалникот Ибраими ги затворија шалтерите на општина Арачиново

Објавено на

часот

Сподели

Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но една ваква мерка е главно за безбедноста на вработените во општинската администрација но и граѓаните кои се обраќаат до Општината Како што може да се информира и медиумите, втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот, па таква одлука и против наша волја и желба беше неизбежна“, се вели во објавата на фејсбук-профилот на општина Арачиново.

Заканите во полицијата ги пријавил градоначалникот Ибраими кој кажал дека додека не бил присутен во општинската зграда, приведениот упатувал закани по живот заради предмет за доделување на користење на земјиште.

Завчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А. (69) од с.Арачиново постапувајќи по претходна пријава од Р.И., градоначалник на општина Арачиново, кој пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело загрозување на сигурноста по член 144 став 4 од Кривичниот законик. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ