Захарова ја нарече Бербок „гневен ксенофоб“, и ја праша дали е дојдено времето германските градови да го укинат статусот на почесни граѓани на Адолф Хитлер и другите нацисти на Третиот рајх, и германските воени бази да не носат имиња на војници и офицери на Вермахтот.
Портпаролката на руската дипломатија праша дали е дојдено времето да се престане со одржување на нацистичките гробови на сметка на сојузниот и регионалниот буџет на Германија, како и државата да престане да ги поддржува ветераните на СС на законодавно ниво во Германија?
Покрај тоа, праша Захарова, за не е време Германија да им исплати отштета на преживеаните на опсадата на Ленинград, од сите националности?
„Неверојатно, но вистинито: многу градови во Германија сè уште не се ослободиле од Хитлер и другите нацистички лидери како почесни граѓани. Своевремено низ Германија имаше четири илјади градови и места кои на Хитлер му дале статус на почесен граѓанин. Оние кои подоцна се најдоа на територија на Источна Германија, официјално го повлекоа статусот на почесен граѓанин на поранешниот фирер, но во Западна Германија, во многу градови, покрај навистина исклучителните староседелци, се слави и Хитлер“, наведе Захарова.
Покрај тоа, околу 40 касарни на Бундесверот носат имиња на нацистички генерали, вклучувајќи и „исклучителни“ нацисти како Адолф Хусингер (по војната стана претседател на воениот комитет на НАТО) и Ханс Шпајдел. Две бараки го носат името на Ервин Ромел, додаде Захарова.
„Десетици илјади поранешни припадници на СС и нивни роднини примаат социјални давачки во Германија како „жртви на војната“. Обидите за укинување на бенефициите на нацистите од 1998 година не даваат резултати: од речиси милион „пензионери“, исплатите се укинати за помалку од стотина луѓе. Властите наведуваат недостиг од податоци и правни тешкотии, и одбиваат да ги признаат размерите на проблемот“, наведе Захарова.
Потсети дека Германија им плаќа на преживеаните од опсадата на Ленинград, но само на припадниците од еврејска националност (речиси 3.000 евра месечно), но ги игнорира маките на останатите жители на Ленинград.
Иако Берлин тврди дека опсадата на Ленинград не била чин на геноцид, Захарова истакна дека, според историчарите, за време на опсадата имало повеќе мртви цивили отколку во пеколот на Хамбург, Дрезден, Токио, Хирошима и Нагасаки заедно.