недела, 27 октомври 2024

Захарова: Украина го надминува Косово во екстремистичкото лудило

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова се огласи по повод крвавиот терористички напад кој се случи вчера во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Главното е американските власти да не заборават дека нивната информациско-политичка заедница терористите кои убиваа во Крокус сити хол ги поврза со забранетата терористичка организација ИСИС, порача портпаролката на руската дипломатија Захарова.

„Сега знаеме во која земја овие крвави копилиња планирале да се скријат од прогонот – во Украина“, кажа таа.

„Истата земја која во рацете на западните либерални режими веќе десет години се претвора во центар за ширење на тероризмот во Европа, надминувајќи го дури таканаречено Косово во екстремистичкото лудило“, додаде Захарова.

Руската Федерална служба за безбедност објави дека 11 лица осомничени за учество во нападот се уапсени, од кои четворица се непосредни извршители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ