„Јасно е дека воздушните напади се намерно насочени кон дополнително разгорување на конфликтот. Со постојани напади, речиси без прекин, врз објектите на наводните про-ирански групи во Ирак и Сирија, Соединетите Американски Држави намерно се обидуваат да ги вовлечат најголемите земји од регионот во конфликтот“, изјави Захарова, пренесува Ројтерс.
САД започнаа воздушни напади во Ирак и Сирија против повеќе од 85 цели за кои велат дека се поврзани со иранската Револуционерна гарда и нејзините милиции. Повеќе од 40 лица се убиени како одмазда за неодамнешниот напад на американската база во Јордан кога беа убиени тројца американски војници.