понеделник, 28 октомври 2024

Забрана за сообраќај на повеќе патни правци во државата

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци на крак Маврово – Маврови Анови, Крива Паланка – Граничен премин  Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и Струмица – Берово. Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово – Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег., а од 10:30 часот и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, односно на потегот од село Лисец кон Попова Шапка. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2024 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од ЈП Македонија пат информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ