сабота, 19 октомври 2024

За жал, голот не е гол (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Но МКД.мк ексклузивно дојде до снимката од камерата која беше позицирана долу до теренот, од каде што јасно се гледа дека топката по ударот во пречката не се одбива зад гол-линијата, туку оди половина метар пред голманот на Германија. Фотографиите, кои ексклузивно само известувачите на МКД.мк ги снимија од немонтираниот материјал, покажуваат дека топката не била ниту блиску до гол-линијата.

За да се уверите и сами, ви ги пренесуваме фотографиите „кадар по кадар“…

Според најавите на Драган Начевски, координаторот на македонската ракометна репрезентација, ЕХФ денеска треба да ја добие комплетната документација од страна на РФМ, па дури потоа да ја донесе одлуката.

„Знаејќи кој ни беше противник, се сомневам дека може нешто да смениме“, рече Начевски синоќа.

За жал, фотографиите сепак покажуваат дека последниот удар на нашиот капитен не бил толку прецизен како што се надевавме. Уверете се сами…

Од Ниш, Златко Крстевски







[video:http://www.youtube.com/watch?v=ADy5Q8a7BCw]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ