петок, 18 октомври 2024

За шест часа полицијата казни 13 возачи и со пајак крена 10 автомобили

Полициски службеници од СВР Скопје вчера, од 18:00 до 00:00 часот, продолжиле со преземање мерки и активности за одржување поволна безбедносна состојба на територија на главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, преку превентивно присуство на полицијата вчера едно лице било лишено од слобода по член 237 од Кривичниот законик, а била спроведена и сообраќајна контрола. Казнети биле 13 возачи, 10 возила биле подигнати со специјално возило пајак…

„Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови“, најави МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ