сабота, 26 октомври 2024

За пожарот во велешкото казино приведен жител на Бузалково

Вечерва во 18 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода 42-годишниот Д.М. од село Бузлакво, велешко, поради сомнение дека со запалива течност предизвикал пожар во казино во Велес, изјави портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Објавено на

часот

Сподели

Тој бил приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Како што веќе објавивме, пожарот се случил вечерва околу 18 часот во казино во зграда во новиот дел на Велес. Во тоа време во казиното имало вработени и повеќе играчи. Поради густиот чад зградата ја напуштиле сите станари.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека десетина пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес со две противпожарни возила интервенирале во гасењето на пожарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ