недела, 20 октомври 2024

За капиталните и локални инвестиции претставници на ЕБОР и ЕИБ разговараа со Перински и Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оддржал работна средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициона банка, со кого разговарал за реализација на капиталните инвестиции и можноста за финансиска поддршка од страна на ЕИБ, информираат од Министерството за транспорт. Министерот за локална самоуправа Златко Перински пак, имал средба со Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Николоски истакнал дека Владата преку Министерството за транспорт е силно фокусирана на реализација на крупни капитални проекти што се од економско значење за домашната економија и регионалното поврзување. Тој изразил благодарност за досегашната соработка, нагласувајќи ја важноста од поддршката што ја овозможува ЕИБ за реализација на капиталните проекти, притоа изразил целосна подготвеност за продолжување на таквата соработка и во наредниот период за проекти од заеднички интерес.

„Европската инвестициона банка е долгогодишен партнер на Македонија во изградба на капитални добра со кои ја подобруваме инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните“, истаканал министерот Николоски по средбата и додал дека верува оти таквата соработка ќе продолжи и во наредниот период од причина што владината програма предвидува сериозни проекти во инфраструктурата.

Министерот за локална самоуправа Перински упатил голема благодарност до Туркменоглу за досегашното тридецениско партнерство на ЕБОР со Македонија, како и за ЕБОР како еден од најголемите поддржувачи на нашата држава, чија поддршка и инвестиции имаат огромен придонес во економскиот и социјален развој на општините. „Особено значајни се придобивките од инвестициите во секторите за инвестирање во проекти за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, транспортната инфраструктура, енергетиката и гасификацијата, како и општинската инфраструктура за животна средина“, кажал Перински.

Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје, како меѓународна институција е значително важен стратешки партнер на Македонија, која повеќе од 30 години, уште од далечната 1993 година, досега има инвестирано над 2,6 милијарди евра во повеќе од 180 проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ