вторник, 22 октомври 2024

За две третини намалена вредноста на јавните набавки на Скопје, вкупно во сите општини за една третина

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за граѓански комуникации наведува дека според Базата на податоци на тендерите на општините во текот на минатата година, 80-те општини и Градот Скопје вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3  милијарди денари, односно 118 милиони евра.

ц

Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за една третина, односно за 65 милиони евра во однос на 2021 година.

Кон овој пад, како што се нагласува, најмногу придонесува големото намалување на вредноста на јавните набавки на Град Скопје, чии набавки во 2022 година се намалени за дури 68 %, односно за 31 милион евра во однос на 2021 година.

с

Пад на вредноста на јавните набавки во 2022 година е забележан кај 54 општини и Градот Скопје. Притоа, на листата на единици на локалната самоуправа со најголеми падови на вредноста на јавните набавки, која ја предводи Градот Скопје со намалување на тендерите од 31 милион евра, се наоѓаат и скопските општини Центар и Гази Баба, со падови од по 5 милиони евра, потоа Гостивар, со пад од 4 милиони евра, и Тетово, со 3 милиони евра.  Останатите општини имаат намалување на вредноста на набавките под 3 милиони евра. 

с

Од друга страна, најголеми скокови во апсолутната вредност на тендерите во 2022 година имаат остварено општините Кисела Вода, со раст од 3,6 милиони евра, потоа Струмица, со 3,5 милиони евра, и Штип, со раст од 2,8 милиони евра. 

Со убедливо најмала вредност на јавните набавки, е Општина Вевчани, со само 50 илјади евра. Веднаш пред неа е Општина Лозово, со јавни набавки од 53 илјади евра, потоа општините Центар Жупа, Шуто Оризари и Старо Нагоричане, со набавки од 113 до 129 илјади евра.  

д

Намалувањето на вредноста на јавните набавки значи дека помал дел од буџетските пари се инвестирани во стоки, добра и услуги кои можеле да придонесат кон подобрување на условите за живот на граѓаните, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Единиците на локална самоуправа склучиле договори со 1.184 фирми, но четвртина од вкупната вредност на тендерите им припаднала само на 8 фирми. На врвот според вкупната вредност на договорите е снабдувачот со електрична енергија Енерџи деливери солушнс ЕДС ДОО Скопје, со вредност на договорите од 614 милиони денари, односно околу 10 милиони евра.

д

Базата на податоци е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата на податоци за јавни набавки на општините е изготвена за последните осум години (2015-2022).

Базата и истражувањето се изработени во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ