недела, 20 октомври 2024

За два месеци одземени 126 рибарски мрежи од Охридското езеро, приведени две лица и поднесени кривични пријави

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, поднесени се и две кривични пријави по основ на илегален премин на државната граница и незаконит риболов во територијалните води на Македонија како и прекршочни пријави по Законот за рибарство и аквакултура, и една пријава по Закон за внатрешна пловидба.

„Во текот на мај и јуни 2023 година, полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро при Регионален центар за гранични работи Запад, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, во водите на Охридското Езеро и на копно реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ