понеделник, 28 октомври 2024

За Димитриевска распуштањето на Советот на јавни обвинители не е опција

Распуштање на Советот на јавни обвинители (СЈО) не е опција, затоа што најголемиот број од членовите се избрани на непосредни избори од страна на јавните обвинители, изјави претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Прашана за тоа како гледа на најавите за реформи на судскиот и обвинителскиот совет, Димитриевска рече дека членовите на советот и досега учествувале во сите работни групи кои работат на измени на законите.

„Советот на јавни обвинители ги остварува своите законски надлежности. Во однос на прашањето, сакам да појаснам дека членовите на советот и досега членуваа во сите работни групи коишто работат на измена на закони, а со цел подобрување на работењето и на самиот Совет и така и ќе продолжи и во иднина“, изјави Димитриевска, во изјава за медиуми по свечената изјава на новоизбраните јавни обвинители денеска во Советот на јавни обвинители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ