недела, 20 октомври 2024
Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО Скопје

За да не побегнат, влијаат врз сведоци и направат ново кривично дело тројца завршија во притвор за убиството на Вања

Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност од сторување ново кривично дело тројца осомничени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска завршија во притвор во Истражниот затвор во Шутка. Како што претходно објавивме, осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во 48-часовен притвор. 

Објавено на

часот

Сподели

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48-часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска. 

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев кусо одговори „не“. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски денес во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се откажани за денес најавените работни средби во СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Север.

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, чие убиство ја шокираше и ја ужасна нацијата, беше приведен синоќа во полициска станица. Официјални детали за тоа дали е спроведен пред судија на претходна постапка за сега нема. 

МВР вчера соопшти дека петмината приведени имаат врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Девојчето исчезна на 27 ноември, а Панче на 24 ноември. Телото на Вања беше пронајдено во околината на Скопје, а телото на Панче во околината на Велес.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е користољубие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ