петок, 18 октомври 2024

За Борт и Рома десетата етапа на Дакар

Објавено на

часот

Сподели

Борт победи кај моторциклите со време од 4,18 часа и зад себе ги остави шампионот Сирил Деспре и Марк Кома, двајцата возачи што водат мртва трка за првото место во генералниот пласман. Деспре по оваа десета етапа има 21 секунда предност пред Кома и меѓу нив двајца ќе се бара шампионот. Трет е Елдер Родригес со 45 минути заостаток, па ако не се случи нешто непредвидено, или Деспре или Кома ќе се радуваат на крајот.

Рома кај автомобилите со време од 3,59 часа ја освои етапата и за 20 секунди беше побрз од актуелниот лидер во генералниот пласман, Стефан Петерхансел, кој води со 19,05 минути предност пред Шпанецот, а 19,51 минута пред Американецот, Роби Гордон.

Релито денеска се префрла во Перу и за моторциклите етапата ќе биде долга 705 километри, додека за автомобилите 598. Релито завршува в недела во Лима.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ