понеделник, 21 октомври 2024

За 24 часа регистрирани се девет сообраќајки и девет тешко повредени патници

Според податоците заведени во билтенот на МВР за едно деноноќие регистриани се пет сообраќајни несреќи со исто толку тешко повредени учесници во сообраќајот. Три од нив се регистрирани во Куманово, по две во Струмица и Скопје и по една во Кичево и Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера наутро во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар Трета македонска ударна бригада и улица Страшко Симонов во Куманово, товарно возило фолксваген со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф. од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј. од Куманово.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово.  Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, информираа од МВР.

Истиот ден вечерта исто така во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците Драги Шутевски и Романовска, патничко возило бмв со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С. удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.

Два часа подоцна во СВР Куманово била пријавена трета сообраќајна несреќа.

„Во СВР Куманово било пријавено дека на Борис Кидрич, патничко возило бмв со швајцарски национални ознаки, управувано од Ш.М.(27) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Куманово“, информираа од МВР.

Во последните 24 часа биле регистрирани и две сообраќајни несреќи во Струмица во кој со тешки повреди се здобиле двајца учесници во сообраќајот.

Првата сообраќајна несреќа се случила нешто пред пладне на магистралниот пат Струмица-Ново Село помеѓу патничко моторно возило шкода со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М. од Струмица и товарно возило фолксваген со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К. од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., сопатичка во возилото шкода, констатирани во Медициснки центар Струмица. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Вечерта пак, во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците Младинска и Димитар Цветинов, П.С., управувајќи  мотоцикл со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица“, пишува во билтенот на МВР.

Две сообраќајни несреќи се случиле и во Скопје.

Во првата било пријавено дека на булевар Словенија, патничко возило хјундаи со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П. од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од А.Т. од Скопје, со престој во Германија.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се наведува во полицискиот билтен.

во втората, вчера попладне било пријавено дека на улица Трета македонска бригада во Скопје, Н.П., управувајќи мопед хамачи со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.П. констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје.

Во полициската станица Гостивар вчера точно напладне било пријавено дека на кеј Браство– Единство, мотоцикл џилера со гостиварски регистарски ознаки, управуван од О.А. удрило во пешакот Б.Г., двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Б.Г. констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

А во полициската станица Кичево пак, вчера попладне било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, Б.А. од село Мамудовци, кичевско, управувајќи мотоцикл хамачи со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во товарно возило форд со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.М. од Кичево, кое се движело пред него.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево“, соопшти МВР.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ