петок, 1 ноември 2024

За 24 часа избувнале 36 пожари, изгаснати се 34, два се сѐ уште активни

На територијата на Македонија изминатото деноноќие имало 36 пожари на отворено, а пожарникарите изгаснале 34 истовремено гаснејќи и други пожари во населените места. Активни се два пожари на отворено, на планината Китка и кај скопското село Булачани, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

На планината Китка гори претежно нискостеблеста вегетација. Пожарот над село Палиград во Општина Зелениково почна на 16 февруари 2024 година и сѐ уште е активен. Од Јавното претпријатие (ЈП) Национални шуми– подружница Караџица – Скопје информираа дека пожарот се шири во правец кон село Тисовица и еден дел кон пределот на Јавното претпријатие Јасен. Теренот, како што се наведува, е непристапен за интервенција од земја. Од страна на РЦУК Скопје за пожарот се известени и во Општина Зелениково.

На Единствениот број за итни случаи 122 утрово во 8:31 часот во ЦУК е добиена пријава за пожар во село Булачани, во која се наведува дека тој сѐ уште е активен.

Пожарникарите во последното деноноќие изгаснале 34 пожари од вкупно 36 на отворен простор на територијата на државата. Изгаснати се четири пожари на отворено во Скопско, во Битолско 11, во Струмица четири, во Велес осум, во Куманово четири и во Тетово изгаснати се три пожари на отворено.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ