недела, 21 јули 2024

За 16 месеци издадени се 486 лиценци за фотоволтаични централи кои можат да снабдат со струја 12 градови во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови во државата – Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.

Сѐ повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 мегавати а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 мегавати“, посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ