петок, 1 ноември 2024

Вулгарен и недоличен е говорот на Апасиев упатен кон Канал 5, реагираат од АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) преку соопштение до јавноста денеска информираше дека го осудува „крајно вулгарниот и недоличен говор во објавата на претседателот на политичката партија Левица Димитар Апасиев на социјалната мрежа фејсбук, а кој се однесува на телевизијата Канал 5“.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

„Покрај јавното етикетирање и дискредитирање на медиумот и неговото одговорно лице, упатен е и повик за бојкот на огласувачите и нивните производи на ТВ Канал 5, при што се споменува системска организирана антикампања. Ваквото однесување е апсолутно неприфатливо, особено што станува збор за политичари и јавни личности кои треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на медиумите. Политичарите и носителите на јавни функции мора да се свесни за тежината на искажаните зборови и одговорноста што ја имаат пред граѓаните. Непримерната комуникација негативно се одразува на слободата на изразување, пред сѐ во чувствителни периоди како предизборните и го нарушува достоинството на медиумските работници“, пишува во реакцијата на АВМУ.

Вчера претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го нарече директорот на ТВ Канал 5, Иван Мирчевски, груевистички слуга и ги повика членовите и симпатизерите на оваа партија да не ги купуваат производите што се рекламираат на националната телевизија Канал 5, а претходно го блокираше законот со кој на петте национални телевизии требаше да им се доделат неколку милиони евра за проекти од национален интерес.
Мирчевски му возврати и најави дека телевизијата ќе ги преземе сите правни лекови кои ѝ стојат на располагање меѓу кои и кривична пријава за сериозна закана но и за клевета и навреда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ