недела, 27 октомври 2024

Вучиќ во ОН: Парадокс е по Првата и Втората светска војна Германија да ѝ суди на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ престојува во Њујорк каде одржал неколку состаноци со постојаните претставници на државите членки во Обединетите нации, пренесуваат српските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во четврток, 23 мај, ќе присуствува на седницата на Генералното собрание на ОН на која ќе се разгледува предлог резолуцијата за Сребреница.

Тој од Њујорк порача дека „добил разочарувачки информации дека некои земји ќе го сменат ставот околу резолуцијата и ќе застанат со оние кои се големи и силни, но дека ќе има и такви кои ќе го издржат притисокот и ќе се борат за вистината“.

„Добивме информации. Ќе има разочарувачки вести во однос на некои држави од кои не очекувавме нож во грб, но ќе има и такви што ќе го издржат притисокот“, кажа Вучиќ.

Кажа и дека верува дека многумина кои ќе гласаат за резолуцијата ќе се правдаат и објаснуваат дека тоа го прават за доброто на Србија.

„Ќе ја повторуваат празната приказна дека тоа не е колективна вина на српскиот народ и дека тие ги сакаат Србите и така натаму, а потоа очекуваат веќе од петок и сабота обиди за смирување на ситуацијата – Србите ни се најдобри пријатели и да продолжиме како ништо да не било“, кажа Вучиќ.

Додаде дека има десетина земји кои себеси или на кого било друг не можат да му објаснат зошто ќе гласаат и ќе одат против српските пријатели освен дека се послушници на некои големи.

„Германците ќе го отворат Генералното собрание на ОН како најизразен парадокс. Како е судбината чудна, па ни се случува Германија по Првата и Втората светска војна да ни суди. Сето ова ми е многу тешко, но ќе се борам за Србија“, порача српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ