среда, 27 ноември 2024

Вучиќ: Имам сомнежи за ископувањето на литиум

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Прага изјави дека не е оптимист и дека не верува оти Србија ќе стане дел од Европската унија до 2028 година, како и Црна Гора.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„На Црна Гора ѝ посакувам се најдобро, но не верувам дека тие ќе бидат дел од ЕУ до 2028 година, не верувам дека ќе бидеме и ние. Имаме интереси на ЕУ кои повремено се разликуваат од нашите“, рече Вучиќ на панелот „Подемот на Западен Балкан во ЕУ“, пренесува Бета.

Тој оцени дека Србија не може да биде дел од ЕУ пред 2030 година, но дека „никој не знае што може да се случи во меѓувреме“.

Во ЕУ, наведе тој, „има исцрпеност во однос на темата проширување“, а Србија има уште конкретни чекори за исполнување.

Вучиќ претходно денеска изјави дека наскоро ќе има разговор со луѓе од компанијата Рио Тинто, дека има некои сомнежи што ќе ги изрази и дека ќе види дали има решение или не.

По учеството на безбедносниот форум Глобсек во Прага, претседателот на Србија пред новинарите изјави дека долго ќе разговара со луѓето од Рио Тинто, на кои им порача добро да се подготват.

Тој рече дека без гаранции за здравјето на луѓето и целосна заштита на животната средина, нема да има ископувањето на литиум во Србија.

„Наместо да му благодариме на Бога што имаме литиум, претпоставувам дека треба да се чувствуваме проколнати затоа што некои луѓе со што е можно помало образование ќе ни објаснат како нашите деца ќе имаат две глави, без ниту еден факт“, додаде тој.

Вучиќ рече и дека српската индустрија го поттикнува растот на бруто домашниот производ, како и технологијата и иновациите, но „ќе имаме пад во земјоделството поради сушата“.

Одговарајќи на прашање за односите меѓу Србија и Русија и дека „игра на две страни“, тој рече дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин две и пол години „за разлика од некои други европски лидери“ и дека Србија не е на две страни, туку на патот кон ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ