недела, 27 октомври 2024

Вучиќ: 78 дена ни ја уништуваа земјата, ни ги убиваа децата. Сепак, и покрај сè, Србија живее

Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача по повод 25-те години од почетокот на НАТО агресијата на СР Југославија дека, и покрај сè, Србија живее, разбудена, посилна, похрабра, пркосна и слободна, и дека слободата никогаш нема да можат да ѝ ја земат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ на социјалните мрежи потсети дека денес се навршуваат 25 години од почетокот на НАТО агресијата и дека 19-те најмоќни и најсилни ја нападнаа Србија, без какво било право и за прв пат без одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации.

„78 дена ни ја уништуваа земјата. Ни ги убиваа децата. Ни ја парчосуваа територијата. Сепак, и покрај сè, Србија живее. Разбудена. Посилна, Похрабра, Пркосна. И повеќе од сè, слободна. Слободата е повеќе од воздух, слободата никогаш нема да можат да ни ја земат. Ќе живее Србија!“, порача Вучиќ.

Српскиот претседател Вучиќ ќе присуствува денес во Прокупље на централната манифестација по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето на настраданите во НАТО агресијата во 1999 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ