сабота, 19 октомври 2024

Врховниот суд бара поизедначена пракса кога судовите пресудуваат за сообраќајни несреќи

Објавено на

часот

Сподели

Како што денеска соопштија од Врховниот суд, за заклучоците и предлозите за конкретното правно прашање, уредно е известен Судскиот совет и тоа со дописи од 10 декември 2021 година и од 9 мај 2022 година.

Во соопштението се наведува дека Врховниот суд на сопствена иницијатива, но и по поднесени дописи од страна на Судскиот совет, во повеќе наврати го разгледувал прашањето за казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот.

„Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во стадиумот на постапување пред Врховниот суд на Република Северна Македонија со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет“, информираат од Врховен.

Во поглед на директната интервенција во казнената политика за кривичните дела од областа на сообраќајот, Врховниот суд појаснува дека може да интервенира во одлуката за казна само кога постои законска можност, односно во жалбена постапка, додека по вонреден правен лек нема законска надлежност да интеревенира во изречена кривична санкција доколку истата е одмерена во законски пропишаните граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ