недела, 27 октомври 2024

Возач на 53 години почина синоќа во сообраќајката во неготинско

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Велес информираат за МИА дека сообраќајката се случила на регионалниот пат  Неготино-Кавадарци  кај местото викано Антени меѓу патничко моторно возило форд со неготински регистарски ознаки управувано од С.С.c(53) од неготинското село Тимјаник, патничко возило опел со кавадаречки регистарски ознаки управувано од П.Ј.c(27) од Кавадарци и патничко возило сеат со  тетовски регистарски ознаки управувано од Р.Г. (27) од Кавадарци.

@Од сообраќајната несреќа со возило на Итна медицинска помош од Неготино, во болница во Кавадарци биле пренесени возачите С.С. и П.Ј., каде била констатирана смрт на С.С., а кај П.Ј.биле констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Неготино. По наредба  на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ