вторник, 26 ноември 2024

Воз излета од шините во Пакистан, најмалку 19 лица се загинати и 50 повредени

Објавено на

часот

Сподели

Во близина на железничката станица Сахара во Навабшах се превртеа неколку вагони на Хазара експрес, на околу 275 километри од најголемиот град Карачи.

Повредените патници се префрлени во околните болници. Спасувачките екипи се обидуваат да ги ослободат луѓето од вагоните.

Воени спасувачки екипи биле повикани на помош.

Вонредна состојба е прогласена во главните болници во Навабшах и во соседните области на Синд.

На видео снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат десетици луѓе на местото на несреќата, а некои патници излегуваат од превртените вагони.

Локалните медиуми објавија дека федералниот министер за железници и воздухопловство Каваја Сад Рафикуе изјавил дека властите прво ќе се фокусираат на спасувачките напори пред да ја истражат причината за несреќата.

Несреќите на застарениот железнички систем во Пакистан не се невообичаени.

Во 2021 година, два воза што се движеле во провинцијата Синд се судриле, при што загинале најмалку 40 луѓе, а десетици биле повредени.

Според извештаите на локалните медиуми, меѓу 2013 и 2019 година, 150 луѓе загинале во вакви инциденти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ