петок, 18 октомври 2024

„Војдан Чернодрински“ ги објави трите откупени драмски текстови

Објавено на

часот

Сподели

Текстовите се достапни на следниот линк.

Идејата на конкурсот беше да се збогати домашното драмско творештво, но и да се влијае на поттикот овие текстови да бидат поставени на националните театарски сцени каде наголемо недостига домашната драма, велат од театарот и додаваат дека еден од најважните заклучоци на 57. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, што се реализираше од 9 до 16 јуни во Прилеп е дека треба што повеќе да се фокусираме токму на новата македонска драма и нејзиното оживување на театарските сцени.

Пријавените 48 текстови ги оцени комисија од компетентни членови, кои за време на траењето на конкурсот беа анонимни. Процесот на работа беше таков што секој член од тричлената комисија работеше независно и требаше секој од доставените текстови под шифра да го оцени со оценка од 1 до 5. По добивањето на оценките за секој драмски текст од секој член на комисијата посебно, беше избрана средна оценка.

д

За комисија за откуп беа избрани: Маја Стевановиќ, професор на ФДУ, драмски автор и драматург, Нина Николиќ, театарска режисерка и Васил Михаил, актер, драмски автор и режисер.

Министерството за култура на авторите на македонските драмски текстови, за откуп на авторските права за објавување и поставување на драмскиот текст, обезбеди авторски надомест во нето-износ од по 120.000 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ