четврток, 31 октомври 2024

Во Турција уапсен градоначалник од опозициската партија поради обвинение дека е член на ПКК

Судот во Турција нареди апсење на градоначалникот на истанбулската област Есенјурт, Ахмет Озер од опозициската партија поради наводна поврзаност со Работничката партија на Курдистан (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој е обвинет дека е член на ПКК, која е забранета во Турција.

Озер од Републиканската народна партија (ЦХП) ги негираше обвинувањата, а партијата рече дека ќе го брани од „неоснованите обвинувања“, пренесува Ројтерс.

Водачот на ЦХП, Озгур Озел, рече дека апсењето се заснова на „апстрактни обвиненија“ и има за цел „да ѝ наштети на волјата на народот“.

„Несомнено ќе го победиме овој гнасен ум кој не ја признава нацијата и не го почитува изборот на народот и ќе го осуетиме овој одвратен план“, наведе тој на социјалната мрежа Икс.

Партијата денеска ќе заседава во главниот штаб во Есенјурт, а Озел ги повика граѓаните на протест пред градската општина.

ПКК веќе четири децении води бунт во југоисточна Турција, со повеќе од 40.000 загинати во конфликтот. Турција и многу западни земји ја прогласија за терористичка група.

Турската агенција Анадолија јави дека вчера турската полиција уапсила 12 лица осомничени дека се членови на ПКК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ