„Постои потреба за создавање резервен состав. Ова им дава на активните воени лица, кои од различни причини одлучиле да развиваат кариера во приватниот сектор, можност да се вратат во оружените сили со специфични мисии и да дадат придонес во конкретни мисии со обврски кои можат да покриваат и мировни мисии или потребите на регионот“, наведе Венгу.
Тој истакна дека формирањето на првите единици се очекува на почетокот на 2025 година, а определени се и средства во износ од 15,5 милиони евра за формирање на овие сили.