среда, 27 ноември 2024

Во терористички напад во Буркина Фасо загинаа меѓу 100 и 200 лица (ФОТО)

Во терористичкиот напад што се случи во градот Барсалого во Буркина Фасо загинаа меѓу 100 и 200 лица, меѓу жртвите има и цивили и војници, соопштија денеска безбедносни извори.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Вооружени терористички групи вчера го нападнаа местото, на 45 километри северно од градот Каја, додека населението им помагаше на безбедносните сили да ископаат ровови за заштита на армиските безбедносни пунктови.

Во тој момент напаѓачите отвориле оган врз нив и убиле голем број луѓе, јави денеска Радио Франс Интернационал (РФИ).

Бројот на жртвите на нападот е меѓу 100 и 200 лица, соопштија повеќе безбедносни извори, неколку војници се водат како исчезнати, додека голем број луѓе се повредени.

Најмалку 140 лица се евакуирани во здравствените центри во областа.

Напаѓачите одзеле оружје, како и воено возило на брза помош.

Армијата му нареди на локалното население да ископа ровови за да се забави движењето на терористичките групи, нападот се случи додека се изведуваа овие работи, изјави локален извор.

Според истиот извор, жителите првично одбиле да учествуваат во работите, поради страв од одмазда од вооружените групи во таа провинција, каде што има многу терористи и нивни соучесници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ