вторник, 26 ноември 2024

Во свлечиштата на северот на Индија загинаа три лица, 17 се водат за исчезнати

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку 17 лица сè уште се водат како исчезнати во селото Гаурикунд во државата Утараханд, изјави официјален претставник од регионалната единица за управување со катастрофи.

Меѓу исчезнатите има членови на две семејства и неколку аџии кои оделе во познатиот хинду храм во близина. Повеќе од милион посетители годинава го посетиле храмот, а аџилакот се планира да продолжи до средината на ноември.

Официјалниот претставник рече дека спасувачките тимови ја продолжиле потрагата денеска, но напорите биле отежнати поради обилните дождови во областа.

Областа е погодена од обилни дождови од средата, но аџиите продолжија да се собираат кон светилиштето.

Повеќе од шест илјади луѓе загинаа или исчезнаа во истата област во 2013 година во поплавите во градот Кедарнат и во некои станбени згради изградени во близина на патеката за аџилак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ