понеделник, 25 ноември 2024

Во Судан 50 загинати во напад на бунтовничката војска врз две села

Најмалку 50 лица беа убиени во централен Судан за време на напад на отцепените воени сили за брза поддршка (РСФ) кои опколија цели села во областа, соопшти денеска локална про-демократска група.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Селата Ал Сариха и Азрак во сојузната држава Ал Џезира беа нападнати“, изјави за АФП Комитетот за отпор Хасахеиса, про-демократска група која организира взаемна помош меѓу жителите на областа.

Во Ал Сариха, во петокот загинаа 50 лица, повеќе од 200 беа ранети, според групата која извести за неможност за евакуација на повредените поради бомбардирањето на РСФ и снајперистите.

Соседното село Азрак е под целосна опсада, како и Ал Сариха.

Поради речиси целосниот прекин на комуникациите, невозможно е да се потврди вистинскиот биланс.

Суданскиот медицински синдикат ги повика ОН во петокот да извршат притисок за безбедни хуманитарни коридори до селата каде што „РСФ врши геноцид и спасувањето е невозможно“.

Според медицински извори во неколку села, речиси сите ургентни центри се принудени да се затворат.

Заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Африка, Кетрин Патиљо, изјави за Франс прес дека војната во Судан се заканува да предизвика сериозна економска штета на соседните земји кои веќе се во неволја.

„Многу од овие соседни земји се веќе економски и социјално кревки и имаат свои предизвици што треба да ги надминат, а сега се соочени со прилив на бегалци, безбедносни проблеми, трговски тешкотии, што е вистински предизвик за нивниот раст“, ​​рече таа.

Во април минатата година, во Судан избувна конфликт меѓу армијата и нејзините одметнати Сили за брза поддршка (РСФ), кој прерасна во граѓанска војна и ја подели земјата. Борбите траат повеќе од 17 месеци, без знаци на смирување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ