„Продолжуваат да се однесуваат спротивно на законот заборавајќи дека тоа време помина. Покрај тоа, синоќа доцна во ноќта наместо како вистински христијани да отидат во црква, познат лик на струмичани и Македонија од СДСМ, вршел притисоци во турското маало врз нашите сограѓани. Останете луѓе и прифатете го поразот. Градот е мал, треба да продолжиме да се почитуваме и понатаму без разлика кој е на власт, а кој опозиција“, рече Маџунков и порача – осттавете го народот, тој ги избра промените!