недела, 27 октомври 2024

Во Србија исчезнало двегодишно девојче, во тек е голема полициска потрага

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор е во тек, на терен се полицијата, пожарникари-спасувачи, припадници на Горската спасувачка служба, припадници на Жандармеријата со кучиња-трагачи, ловци и бројни граѓани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во потрагата по девојчето се користат и хеликоптери и дронови со термални камери, доброволци можат да се вклучат во потрагата во координација со полицијата, јави утринава РТС.

Полицијата и доброволците одат од куќа до куќа за да најдат некаков траг, кој ќе помогне во потрагата по исчезнатата Данка.

По исчезнатото дете се трага веќе повеќе од 18 часа, но и понатаму нема никакви информации.

Потрагата се интензивира, а во текот на ноќта пристигнале уште 20 жандармериски возила.

Надлежните апелираат до граѓаните да не тргнуваат самоиницијативно во потрага, за да не ги попречуваат искусните и луѓето обучени за потрага.

Пристапот до Бањско поле е блокиран, а на приодот кон тоа место се поставени контролни пунктови на кои полицијата ги прегледува возилата.

Се испрашуваат и сите „лица од безбедносен интерес“ кои претходно имале проблеми со законот.

Девојчето Данка Илиќ, кое исчезнало вчера околу 13:45 во борската населба Бањско поле, има кафена коса, кафени очи и висока е околу 85 сантиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ