Камиони со храна и други видови хуманитарна помош денеска тргнаа од Полска и Унгарија, пренесе агенцијата СТА.
„Првите камиони со хуманитарна помош за Словенија на полскиот Црвен крст утрово тргнаа од Полска“, објави Амбасадата на Полска во Љубљана на платформата Х, до неодамна позната како Твитер.
Доброволци од Полска веќе помогаат на терен, додаваат од Амбасадата.
Словенечкиот Црвен крст изминатите денови доби два камиони натоварени со вода за пиење од хрватскиот Црвен крст, која беше дистрибуирана низ целата земја.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека Хрватска ќе испрати хеликоптер во Словенија кој ќе ѝм помогне во транспортот на нештата, како и други материјални ресурси и механизација, пренесе Хина.
„За време на разговорот со словенечкиот премиер Роберт Голуб изразив подготвеност да и помогнеме на Словенија“, рече хрватскиот премиер.
Црвениот крст на Словенија соопшти дека разговара и со други национални здруженија на Црвениот крст и Црвената полумесечина во врска со доставувањето на потребната помош.
Австриската хуманитарна организација Каритас понуди финансиска помош, а Каритас Словенија следната недела очекува помош од другите членови на мрежата Каритас Европа.
Финансиска помош пружиле голем број Словенци од странство, а средства собира и словенечката дијаспора во Канада и Финска.
„Искрено сме среќни за солидарноста што доаѓа од странство. Поддршката на мрежата на Каритас и на Словенците ширум светот е непроценлива во овие тешки моменти“, изјави Каритас Словенија за СТА.