среда, 23 октомври 2024

Во скопската зоолошка угинале коњи, постои сомнеж дека се отруени

Објавено на

часот

Сподели

„На 29.07.2023 во 15.40 часот вработен во Зоолошката градина во Скопје пријавил во СВР Скопје дека угинале два коња, за кои се сомневал дека биле отруени. Се работи на расчистување на случајот“, иформираат од МВР.

Коњите биле од видот пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија. Коњите во скопската Зоолошка градина биле донесени од национален парк од Австрија.

Од Зоолошката градина за сега нема никаква реакција.

Во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер, кај која, како што покажаа анализите, смртта настапила поради инфекција со салмонела.

Фото: Зоолошка градина Скопје

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ