сабота, 9 ноември 2024
Реакција

Левица: Помилувањата од претседателката покажуваат дека новата власт има „долгови” кон криминалното подземје

Скандалозната одлука на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да помилува криминалци кои се дел од познати нарко групи покажува дека и новата власт има „долгови” кон криминалното подземје, реагираат од Левица. Токму Сиљановска во предизборието го обвинуваше Пендаровски дека помилувал член на кланот Барон, за вчера да одекне веста дека претседателката помилува уште еден криминалец од оваа група која го тероризира Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Првиот филтер на листата на помилување го прави Комисијата за помилувања на претседателот на Републиката, додека свое мислење дава и Министерството за правда, предводено од министерот Филков од ЗНАМ. Ова укажува дека влезот на ЗНАМ во власта не е мотивиран од никакви државотворни цели, туку од најниски криминигонени и клиентелистички побуди.

Помилуваниот Аќиф Равманоски, припадник на кланот ‘Барон’,  како осуденик е осомничен за пукањето во Чаир пред само осум дена со припадник на друга мафијашка група. Силјановска му простува и на Шенол Маслани, кој пред 5 години беше уапсен во спектакуларна акција на МВР во која се споменуваа дрога, луксузни автомобили, напад врз полицаец и оружје. Маслани е брат на контроверзниот арачиновец Шенки ‘Версаче’ и братучед на нарко босот Беланоца. Освен овие криминалци, Силјановска ги помилуваше корумпираниот поранешен градоначалник на Битола, Владимир Талевски и Марјан Ефромов, првообвинет во аферата ‘Шпион’.

За помилувањата за Денот на ВМРО целосно се изоставени уставобранителите, кои во предизборието беа злоупотребени за политички поени, а после изборите се игнорирани и заборавени. Потсетуваме дека Мицкоски на изборите настапи со главно ветување дека ќе го ‘ослободи’ Скопје од групите кои го тероризираат. Како и другите ветувања кои ДПМНЕ ги погази, наркокартелите ќе продолжат да го тероризираат Скопје, со амин на Силјановска и Мицкоски“, се вели во реакцијата на Левица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ