четврток, 21 ноември 2024

Во Пустец одбележан патронот на црквата Св. Архангел Михаил

Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија заедно со жители од останатите населени места од оваа општина, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата Свети Архангел Михаил, што го чествуваат како нивен заштитник.

Објавено на

часот

Сподели

Утрена, со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора.

„Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на Свети Архангел Михаил – водач на небесните сили, чувар на сите болни и заштитник на Македонците во Пустец. Запаливме свеќа и се помоливме за здравје и напредок. Посакувам сите да бидеме блгословени и од големиот Архангел Михаил заштитени“, рече за МИА, Едмонд Темелко претседател на друштвото Преспа и поранешен градоначалник на Пустец.

Според Темелко, кој, кога тој беше градоначалник почна обновата на црквата, е еден од најубавите божји храмови во Албанија и се наоѓа во центарот на Пустец, на плоштадот кој гордо го носи името Гоце Делчев. Обновен е на темелите на старата црква, која била урната за време на комунистичкиот период.

Празникот на своите сограѓани, преку објава на Фејсбук им го честиташе и актуелниот градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, како и лидерот на органокот на Партијата на слободата за Мала Преспа, Панди Јани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ