вторник, 26 ноември 2024

Во престрелка во ресторан во центарот на Приштина загина едно лице, 17 се повредени

Објавено на

часот

Сподели

Во приштинската кафеана „Бон вивант“ во престрелка што се случила нешто пред полноќ, еден маж загинал, а 17 лица се повредени.

Како што потврдија од косовската полиција, станува збор за лица на возраст меѓу 20 и 40 години.

Портпаролот на Регионалната полиција на Приштина, Агрон Боровци, за медиумите изјави дека околу 23 часот и 30 минути било пријавено пукање во кафеана на улицата Реџеп Луча во Приштина.

„Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и според првичните информации постои сомнеж дека некои се повредени од огнено оружје, додека други се повредени од фрагменти од стакло“, рече Боровци.

Тој изјави дека во моментов најмалку две лица се осомничени дека се инволвирани во тој случај, а се работи на идентификување и на други можни осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ