недела, 27 октомври 2024

Во пожар животот го загуби 78 годишник од Рогле

Објавено на

часот

Сподели

„Веднаш тргнавме со три противпожарни возила и осум пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, жителите ни рекоа дека внатре во куќата има постар човек и веднаш почнавме со гаснење на пожарот и влеговме во куќата каде за жал од чадот тој почина“, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

СВР Тетово соопшти дека станува збор за 78 годишник со иницијали М.Р

„На местото на пожарот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот“, информираа од СВР Тетово.

Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот целосно бил изгаснат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ