сабота, 19 октомври 2024

Во пожар изгоре магацинот на Дервен во Велес

Синоќа во 19:22 часот избил пожар во магацинот на JKP „Дервен“ лоциран наспроти управната зграда кај Градскиот парк во Велес. Со интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес со седум пожарникари и три противпожарни возила пожарот бил целосно изгаснат во 22 часот, информираат денеска ЦУК Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што појаснуваат оттаму за МИА, во пожарот е опожарен магацински простор поврзан со гардероба на површина од 200 метри квадратни заедно со целиот инвертар на магацинот, алати и опрема. Во пожарот изгоре и 90 отсто од кровната конструкција на објектот.

„Екипа на СВР Велес денеска ќе врши увид во опожарениот објект на ЈКП „Дервен“ за да ги утврди причините за настанатиот пожар“, информираат од ЦУК Велес

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ