Градот забележал 744,8 милиметри дожд во периодот од саботата до средата наутро, соопшти Метеоролошкиот центар во Пекинг.
Северот на Кина го зафати силно невреме, по тајфунот Доксури, што првенствено ги погоди јужните делови на земјата, а потоа и северните.
Пекинг и околната провинција Хебеј беа погодени од големи поплави, при што нивото на водата се искачи на опасни нивоа. Дождовите ги уништија патиштата, далноводите и водоводните мрежи.
Меѓу најтешко погодените области е Жужоу, мал град во провинцијата Хебеи, кој се граничи со југозападниот дел на Пекинг.
Не е познато колку луѓе се затрупани во подрачјата на градот и околните села погодени од поплавите.
Кинеските власти во вторникот соопштија дека обилните дождови околу Пекинг предизвикале најмалку 20 смртни случаи, а 27 лица се водат како исчезнати.
Илјадници луѓе беа евакуирани во засолништата во училиштата и другите јавни згради во предградијата на Пекинг и околните градови.