недела, 20 октомври 2024

Во Париз со водени топови растеруваа луѓе од забранет протест за Палестина (ВИДЕО)

Француската полиција денес во Париз со водени топови го растури забранетиот собир за поддршка на Палестина, откако министерот за внатрешни работи кажа дека е „веројатно дека таквите собири ќе го нарушат јавниот ред“.

Објавено на

часот

Сподели

Неколку стотици демонстранти се собраа и покрај забраната во центарот на Париз, во одделни групи кои полицијата ги спречуваше да се спојат.

Ти извикуваа „Израел е убиец“ и „Макрон е соучесник“. Францускиот претседател го осуди нападот на палестинската милитантна група Хамас и изрази солидарност со Израел.

„Живееме во држава на граѓанско право, во која имаме право да излеземе и да протестираме. Неправедно е да ѝ се дозволи тоа на едната страна, а да ѝ се дозволи на другата. Тоа не одговара на реалноста во Палестина“, кажа за Ројтерс 29-годишната Шарлот Вотије, вработена на невладина организација.

Хамас претходно неделава повика на протести низ исламскиот свет во петок.

Два протести за поддршка на Палестина веќе беа забранети денес во Париз откако министерот за полиција Жералд Дармано изрази страв дека би можеле да прераснат во немири.

Франција е дом на најголемото еврејско и муслиманско малцинство, па војната на Блискиот Исток би можела да се прелее во конфликти на нејзините улици. Дармано објави дека владата ја засилила заштитата на еврејските локации, вклучувајќи ги училиштата и синагогите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ