„Јас бев првиот од седумте кандидати кој уште пред 20 дена предложи т.н. мастер дебата. Сите седуммина, пред сите телевизии да имаме најмалку две соочувања пред првиот круг и тие што ќе поминат во вториот круг уште една потоа. Меѓутоа од страна на најголемата опозициска партија прво бевме одбиени бидејќи побараа двајца од кандидатите да не учествуваат. После се пишманија, меѓутоа потоа три од најголемите телевизии, најгледани телевизии во Македонија се откажаа, не знам од кои причини“.
Пендаровски потенцираше дека е подготвен да се соочи со опонентите во кое било време, на кој било терен, на која било телевизија.