недела, 20 октомври 2024

Во Ново Лисиче утре времен сообраќаен режим

Порани монтирање на семафори на крстосницата на улицата Февруарски поход и булеварот АСНОМ утре од изутрината, петок, ќе биде организиран времен сообраќаен режим. Сообраќајот ќе биде организиран и нема да биде запрен, но ќе биде отежнат. 

Објавено на

часот

Сподели

Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје информира дека во 8.30 часот  екипи одговорни за одржување на светлосната сигналзиација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар АСНОМ и  улицата Февруарски поход. 

„За време на изведување на работите  сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато. По должината на улица Фебруарски поход нема да има прекин во сообраќајот, туку  тој ќе се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.АСНОМ кон ул.Февруарски поход ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента,  а и околните сообраќајници околу паркиралиштата“, се вели во соопштението.

                                      Фото: ЈП Улици и патишта-Скопје

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ