недела, 27 октомври 2024

Во куќа во скопско село пронајдени автоматска пушка, пиштоли и куршуми

Во скопското село Семениште приведен е маж откако биле пронајдени автоматска пушка, пиштоли и муниција.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во домот и во други простории кај Е.Ј. (41) од селото Семениште, скопско. При претресот пронајдени се автоматска пушка, два пиштола, една рамка за пиштол, две рамки за автоматска пушка и 71 куршуми. Од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција Е.Ј. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ