понеделник, 21 октомври 2024

Во Кокошиње внукот ја спасил бабата, но не успеал да го спаси и дедото

Седумдесет и петгодишен жител на кумановското село Кокошиње почина откако вчера пожар ја зафатил неговата куќа, информираше денеска МВР. Неговата сопруга од куќата ја извлекол нивниот внук.

Објавено на

часот

Сподели

Во информацијата на МВР се наведува дека вчера во 18:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14 часот настанал пожар на сува трева во село Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и село Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П. (75) и седумдесет и тригодишната Т.П.

„Од добиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството“, соопшти полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ