недела, 20 октомври 2024

Во Кисела Вода ќе се гради голема фабрика за кондиторски производи за извоз, најави градоначалникот

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави голема инвестиција вредна 20 милиони евра. Од општината посочуваат дека на површина од 22 илјади метри квадратни ќе се гради една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи со логистички центар. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз.

Објавено на

часот

Сподели

„Големите работи доаѓаат со истрајност и со вистинска соработка. Гордост ми е да најавам дека во општина Кисела Вода ќе започне со изградба на една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи, како и логистички центар. Ова е македонска инвестиција со странски партнер, кои ќе изградат фабрика на површина од 22 илјади метри квадратни. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз. Вкупната инвестиција е 20 милиони евра.

Од општина која беше пред банкрот, до општина со која сите се гордееме и каде почнуваат големи инвестиции. Да ни се множат успесите“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ