„Филмот ‘Евтихија’ е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни“, соопшти Амбасадата на Грција.
„Евтихија” во 2020 година доби осум награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката. Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен.