Во учебната 2022/2023 година, соопштија од владината прес-служба, според Информацијата од Министерството за образование и наука, дуално образование се реализира во 61-но средно стручно училиште низ државава, во 225 паралелки со 2.763 запишани ученици и во соработка со 450 компании.
„Во Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година, предвидено е зголемување на бројот на дуални паралелки и соработка со над 500-тини компании“, се посочува во соопштението.
Проектот за дуално стручно образование, којшто се води по германски терк, официјално започна од септември, 2017 година, а целта е придонес кон зголемување на вработливоста на младите и продуцирање кадри со соодветни вештини и компетенции, оспособени да влезат на пазарот на трудот, веднаш по завршување на средното стручно образование.
Со ова се постигнува и намалување на јазот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила на пазарот на труд.