Кандидатите кои ќе аплицираат на конкурсот потребно е да ги исполнуваат следните критериуми: дипломиран професор по физичко и здравствено образование или дипломиран спортски тренер по соодветниот спорт (одбојка), завршен ФИВБ курс за тренери – LEVEL 1, да има континуитет во водење на машка/женска сениорска екипа, кратка биографија, познавање на еден светски јазик (англиски) и план и програма за работа на машката/женската сениорска репрезентација во период од четири години.
Рокот за аплицирање е до 25 декември 2024 година, по електронски пат, на меил [email protected].